Прогласени најдобрите велосипедисти за 2025год. – Прилепските клубови котираат во врвот, ова се најдобрите поединци (ФОТО)

На 12.12. во хотелот “Гардениа” во Велес, се одржа свеченост на која беа прогласени најдобрите велосипедисти за 2025 година.

Oд Прилеп присутни беа велосипедските клубови “Херој” и “Скај Рајдерс”, кои беа наградени на свечената церемонија.

Во дисциплината Друмски велосипедизам:

Константин Костоски – ВК Херој – јуниори – 1во место
Влатко Лозаноски – ВК Херој – мастерс – 1во место
Стефан Маџоски – ВК Херој – кадети – 2ро место

ВК Херој е најуспешен младински клуб во друмски велосипедизам за 2025та година.

Во дисциплината Планински велосипедизам:

Стефан Маџоски – ВК Херој – кадети – 2ро место

Во дисциплината спуст

Александар Стојкоски – Скај Рајдерс – сениори – 1во место
Стефан Јосифоски – Скај Рајдерс – сениори – 3то Место

Скај Рајдерс е најуспешен клуб во спуст за 2025 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.