Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Исплатите се однесуваат на – Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; Мерка 112 „Млади земјоделци“ – 17.815.422 денари за 48 корисници; Мерка 121.7 „Комбајни за ориз“ – 28.779.597 денари за 48 корисници, стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека исто така исплатени се и 96.661.300 денари за 34 корисници, по Програмата за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош).

-Продолжуваме со поддршка кон македонските земјоделци, се наведува во соопштението на МЗШВ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.