Власта предводена од СДСМ нема да ја има поддршката од коалициониот партнер, Павле Трајанов за прашањето за уставните измени.
-Претседателот на Демократскиот сојуз во вечерашното гостување во емисијата Само вистина одговарајќи на прашањето дали би гласал за уставните измени за влез на Бугарите во македонскиот устав без реципроцитет од страна на Бугарија, рече дека нема да подржи и со тоа практично нема да гласа.
-Апсолутно не, одговори Трајанов.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски денеска пред учесниците на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана порача дека Северна Македонија продолжува посветено да работи на скрининг процесот и оти очекува наскоро да ги направи уставните измени со кои, како што вели, уште еднаш ќе покаже највисок степен на демократија и почитување на основните човекови права.