Притвор за насилниците од Битола, кои вчера среде бел ден приредија немили сцени на Широк Сокак

-На 05.06.2024 на ул.„Лазо Трпковски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.А.(39), И.А.(36) и Е.Р.(39), тројцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот во угостителски објект на ул.„Широк Сокак“ во Битола физички ги нападнале И.Ј.(40) и Д.С.(44), двајцата од Битола, при што употребиле остри и метални предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави – информираа вчера од СВР Битола.

Оттаму денеска информираат дека на лицето И.А. изречена му е мерка притвор во траење од 8 дена, на лицето В.А. од Битола изречена му е мерка куќен притвор во траење од 8 дена, додека пак на Е.Р. изречена му е мерка на претпазливост.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.