Пристигнува арктички циклон: Во Словенија веќе има снег, од утре драстична промена и на Балканот!

Во наредните три дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекува и први обилни врнежи од снег оваа сезона.

Ладниот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.

Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.

Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“.

Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.