Свети Василиј Острошки е познат како светец кој го заштитува својот манастир и се грижи за сите кои пристигнуваат во него безбедно да се вратат дома.
Чудата на Свети Василиј се неброени, а ова е едно од нив.
Се верува дека Свети Василиј го запрел возот кој требало да тргне од станицата.
“Беше лето 1982 година. Од Сараево пристигнавме во манастирот за да се поклониме пред моштите на светецот. Откако се поклонивме, кратко се задржавме во манастирот, а потоа се спуштивме по патеката, долу низ острошката страна.
На крај, стигнавме весели во железничката станица Острог. Сопругата со 10-годишниот син Божидар и 8-годишниот Заија први влегоа во вагонот, а јас полека тргнав кон нив, кога позади мене застана кондуктерот.
“Вие си одите од Острог?”, ме праша тој.
“Да, фала му на Бога, од Острог и Свети Василиј, слава му и милост!”.
“Зедовте ли нешто од таму?”
Јас останав без збор пред ваквиот неочекуван дочек и чудно прашање, па му одговорив: Па да, како не. Зар си оди некој со празни раце од Острог? Зедовме и благослов од Свети Василиј.
“Слушај, возов нема ни да мрдне додека не ми кажеш дека не сте зеле нешто без дозвола”, го изговори ова кондуктерот.
Јас се освестив и му реков: Не дај Боже такво нешто да направиме, од вакво свето место ли да украдиме нешто? Ние носиме подароци. Нашата семејна среќа и благослов ни се поважни од цело богатство на светот.
Потоа тој тивко ми рече:”Извини, морав да те прашам, почекај малку, па ќе чуеш и зошто”.
Потоа замина кон скалите од вагонот, мафна со раката на машиновозачот и му рече:”Се е во ред!”.
И возот тргна. Тој дојде во нашето купе, наплати карти и започна да зборува:” Пред два дена не можевме да ја напуштиме станицата”.
“A зошто?”, се обидов смирено да го прашам.
“Не дозволи Свети Василиј! Не се чудете, ова е вистина. Овде на станицата пристигна човек со неговата сопруга, имаа околу 50 години. Биле на Острог. Машиновозачот се обиде, но возот не тргаше. Излезе од возот и го провери. Се беше во ред, но возот сепак не можеше да тргне, како некоја невидлиа сила да го држеше.
Машиновозачот ми рече:” Оди во вагонот и нареди им на сите кои биле на Острог да излезат од него”.
Кога влегов во вагонот и го реков тоа, еден постар човек ме погледна и ми рече:”Можев да се надевам на се, но дека некој ќе ни забрани да одиме кај нашиот Свети Василиј, е тоа не верував. Но она што Бог го создал, луѓето не можат да го уништат”.
“Човеку, тебе ништо не ти реков, ти патуваш од Никшич и можеш да продолжиш мирно, не се работи за тоа што мислиш”, му реков јас.
Во другиот вагон го поставив истото прашање. Еден маж и една жена рекоа дека биле во Острог.
“Ве молам, земете ги вашите торби и излезете од возот”, им реков. Така и направија.
Штом излегоа, возот нормално почна да се движи.
Другиот ден повторно истиот човек и жената ги здогледав на станицата, чекаа да влезат во возот. “Немојте повторно, поради вас возот не може да тргне”.
“Тоа беа честити луѓе. Имаа храброст својот грев јавно да го признаат”.