Како што пренесуваат медиумите во Германија, Михаел Шумахер во моментов има помалку од 45 килограми, а заздравувањето иде многу споро.
Светскиот првак во формула 1 се наоѓа во кома веќе 21 месец.
Неговата здравствена состојба и понатаму е непроменета, бидејќи популарниот Шумахер од доживеа несреќа за време на скијање на 29.12.2013 година во ски центарот Марибел во Франција.
Во моментов тој се наоѓа во Швајцарија со екипата на професионални доктори и физиотерапевти кои се грижат секојдневно за него.