Шпанските власти денеска соопштија дека мобилните телефони на премиерот и министерот за одбрана биле “зафатени” со шпионскиот софтвер Пегас минатата година.
Активностите од мобилниот телефон на премиерот Педро Санчез биле следени двапати во мај 2021 година, а уредот на министерката за одбрана Маргарита Роблес бил таргетиран еднаш во јуни минатата година.
Ова денеска го соопшти владиниот функционер Феликс Боланос на вонредната прес-конференција. Тој рече дека од уредот се собрани значителни податоци и дека извештаите со детали се проследени до шпанскиот национален суд за понатамошна истрага.
„Не се сомневаме дека ова е недозволена, неовластена интервенција“, рече Боланос.
Шпанската влада е под притисок да објасни зошто мобилните телефони на десетици луѓе поврзани со сепаратистичкото движење во регионот на североисточна Каталонија биле следени со Пегазус помеѓу 2017 и 2020 година.