Прилечанец за Коледе пyкал со пиштол, а вчера бил приведен и му било одземено opyжjeто

На 13.03.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.