Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп денеска учествуваше на Меѓународен турнир во Косово од каде се враќаат со одлични резултати во женска конкуренција.
Елена Дејкоска го освои првото место во категоријата до 46кг и е прогласена за најдобар натпреварувач на турнирот, додека Ангела Трајкоска го освои второто место.
Во машка конкуренција Андреј Тренкоски освои трето место во категорија до 41кг, а Христијан и Стефан Аризанкоски го освоија петтото место во категорија до 33кг.
Ова се последните контролни борби во пресрет на Балканското првенство кое ќе се одржи во Грција од 4-7 мај, а таму учество ќе земат три борачки од прилепскиот боречки клуб – Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска во конкуренција на пионери и кадетки, а Дејкоска ќе се натпреварува само во конкуренција на кадетки.