Прилепчанка со мопед изгубила контрола и паднала на коловозот кај Градските гробишта – Со тешки повреди пренесена во прилепската болница

На 22.07.2023 во 17.45 часот било пријавено дека на излез од Градските гробишта во Прилеп, Е.М.(33) од Прилеп, управувајќи мопед „соник“ со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.