Прилепчанка направила хаос во ОВР Прилеп: Се сомничи дека насилно се обидела да одземе патна исправа, па ја нападнала вработената

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „одземање или уништување службен печат или спис“.

На 26.08.2024 во просторите на ОВР Прилеп, пријавената се обидела насилно да ја одземе патната исправа и агресивно се однесувала кон вработената, при што ѝ нанела телесни повреди – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.