Сосема случајно се пријавив на огласот за SAUDIA на кој налетав на порталот „Вработување”. Во тоа време работев како агент во еден call центар во Скопје. Едно од прашањата што ми го поставија претставници од САУДИА на конечното интервју беше што си чекала толку долго за да се пријавиш и да си го оствариш сонот. И јас тоа сега се прашувам зошто не порано а сум била само на чекор од едно поразлично поглавје – вели Елизабета Николовска од Прилеп во интервју за порталот “Женски Магазин”
* Како ти се роди желбата да станеш стујардеса?
– Морам да бидам искрена и да кажам дека не носев огромна желба кон оваа професија, а сега кога веќе ја работам во еден здив кажувам се заљубив во истата. Предизвикот да ги видам убавините на светот од друг аспект и возбудата што ја носи оваа работа се неодолив залак за секоја храбра девојка.
* Постојано патувате, како го поминуваш слободното време кога не си на работа?
– Престојувам во Џеда, Саудиска Арабија, туристички град кој излегува на Црвено Море. Поради високите температури најчесто денот го поминуваме на базените во комплексот каде што сме сместени само девојки или поретко на некоја од приватните плажи. Сместувањето го обезбедува компанијата. САУДИА има организирано превоз до “Балат” стариот дел од градот каде што пазариме по пристапни цени и до неколку поголеми шопинг центри. Локацијата на комплексот каде што сме сместени е во центарот на градот а во околоната има прекрасни ресторани, шеталишта.
Целото интервју прочитајте го ТУКА