СВР- Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишната Ј.Ч. од Прилеп.
Таа со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија.
Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000 денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети. Во текот на март годинава, сега оштетениот Д.Н. кој моментно живее во САД, на сметка на пријавената уплатил вкупно 4.140 американски долари за купување на пет повратни билети на релација Чикаго-Виена-Скопје.
По остварен контакт меѓу пријавената и сега оштетената Л.А. во Струга, било договорено купување на 12 повратни авио билети од САД за Република Македонија. По извесно време од средбата и направениот договор, сега оштетената Л.А. на сметка на пријавената уплатила 283.200 денари но договорените 12 повратни авионски карти воопшто не ги добила – соопштија од МВР.