Прилепчаните успешно ја совладаа и третата етапа: Стигнаа до Ксанти, а Истанбул им се насмевнува! Браво МОМЦИ! (ФОТО)

Филип и Христијан, прилепчаните кои тргнаа на велосипедска авантура до Босфорот во Истанбул, успешно поминаа уште една етапа од рутата долга 800 километри.

Тие денеска стигнаа во грчкиот град Ксанти, а турата ја продолжуваат кон Александрополис, Ипсала и Текирдаг во Турција.

Филип и Христијан ги борди цел Прилеп и цела Македонија, а честитки за храбриот потег пристигнуваат од секаде.

Ние им упатуваме желби да издржат во нивната авантура и да ни се вратат здрави, живи и среќни!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.