Oткако ги разочараа очекувањата на прилепската спортска јавност, ракометарите на РК Прилеп и оваа година ќе водат битка за опстанок во најелитното ракометно друштво кај нас.
Утре (недела), со почеток од 18:30ч, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, прилепчани ја дочекуваат екипата на РК Скопје, во рамки на првото коло од плеј-аут разигрувањето.
Триумфот на овој натпревар е императив, се друго ќе значи неуспех.