Спомен комплексот Карпалак во Прилеп е местото од каде секоја вечер се упатуваат најжестоки пораки кон оние кои ја продаваат државата и нејзините национални обележја.
И оваа вечер беше така. Низ улиците на градот херој потече народ кој повеќе од 50 дена се бори за заедничка и единствена Македонија, држава во која ќе се негуваат различностите на другите народи, но и држава во која нема да се гази врз идентитетот и посебноста на мнозинството, а тоа се Македонците.
Со љубов за татковината, гласно против предавниците на својот народ, кои преку платформи од туѓи држави сакаат да дојдат до фотеља и власт.
Прилепчани повторно побараа нови избори за крај на кризата, но и за ново изјаснување на народот за и против плтформата од Тирана, која во себе носи редефинирање на државата, промена на националните симболи и воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Со граѓаните и вечерва веа чуварите на посебноста и древноста на македонскиот јазик, професорите по мајчин јазик кои се обратија со свои пораки кон своите сограѓани.
Маршот “За заедничка Македонија“ во Прилеп продолжува и утре, со почеток од 19 часот пред хотелот “Липа“.