Градот херој повторно подготвува револуција, овојпат за ослободување на јавниот простор, улиците и тротоарите – стои во описот на прилогот од “Балкон 3” платформата, која служи како мост помеѓу трите земји Македонија, Грција и Турција и каде редовно се објавуваат текстови и видеа за различни културни прашања и теми кои доаѓаат од овие три земји: туризам, спорт, уметност, гастрономија, музика, филм, литература, природни убавини, неоткриени места, театар и др.
Прилогот е поттикнат од граѓанската иницијатива “Прилеп на точак”, чии активисти еднаш месечно се обединуваат и прават “Критична маса” во градот.
Целта на иницијативата е изградба на нови велосипедски патеки во Прилеп, обновување и обележување на постојаните и подобрување на безбедноста во сообраќајот на велосипедистите, како и поттикнување на што поголем број луѓе да го користат велосипедот во секојдневието.
Погледнете го прилогот во продолжение и ќе дознаете подетално за што точно се работи:
За иницијативата “Прилеп на точак” повеќе информации можете да добиете ТУКА