Прилепчани синоќа примерни – фатени само двајца под дејство на алкoxoл, во Битола 8

Во текот на изминатата вечер (21/22.01.2023)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 10 возачи. Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп.

За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.