Прилепчани се на врвот, во сабота силна поддршка на трибина за нов триумф!

Уште две кола остануваат до крајот на првиот дел од сезоната во Првата македонска лига. Оние во кои ќе биде дефинирано кои екипи ќе продолжат во плеј-офот, а кои ќе мора да се задоволат со играње за опстанок во оваа конкуренција.

Прилепчани во моментов се на првата позиција во Групата А, а во сабота (31.01.) на свој терен го дочекуваат “фенерџијата” Младинец. Натпреварот се игра со почеток од 18:00 часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”.

Мега Баскет ќе атакува на нов триумф, а за тоа му треба и поддршка од публиката.

Изминатиот викенд прилепчани стигнаа до вредни 2 бода на гостувањето кај Охрид, каде забележаа висок триумф од 64:81, а најрсположен беше Враниќ, кој постигна дури 35 поени.

Сабота, 31.01., 18:00 часот, спортска сала ООУ “Добре Јованоски”, Мега Баскет – Младинец!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.