Прилепчани се жалеа на снегот, а малата бела прекривка им беше како душман, па поради тоа им ја пренесуваме сликата од дворот на нивниот пелагониски сосед.
Ова се фотографии како градот на конзулите изгледаше вчеравечер. Во Битола со сигурност има наврнато барем 3 пати повеќе снег од Прилеп.
Но, дебелата снежна прекривка, заедно со новогодишните украси кои сеуште го красеа градот, само дополнително го разубавуваа Широк Сокак и парковите површини.
Иако битолчани се соочувале со поголем снежен предизвик, Битола изгледа магично во зимски услови и ве мами на пријатна прошетка.
Но, бидете без грижа, коловозите во градот се чисти и по нив се сообрајќа без проблем.