Едно од најкултните места во прилепската Стара чаршија повеќе не работи.
Познатата продавница за сладолед “БИЏО” стави клуч на вратата на добро познатата локација на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.
Прилепчани се разочарани затоа што едно од нивните омилени дестинации додека шетаат низ чаршијата повеќе го нема.
Младите се надеваат дека ова ќе биде привремено, или пак можеби “БИЏО” ќе биде преместен на друга локација.
Во прилепската Стара чаршија изминатиот период откако започна кpизата предизвикана од пандемиjaта со kopoнавиpycот затворија повеќе дуќани. Не е познато дали и “БИЏО” го снајде истата судбина, но се чини дека чаршијата не е како што беше претходно.
Дуќанџиите, особено оние кои се сопственици на бутици постојано се жалат дека слабо се купува и дека крпат крај со крај. Нема свадби, нема веселби, па чаршијата трпи големи загуби.