Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, најголем граѓански марш во Прилеп.
Црвено-жолтата боја на македонското сонце и грмежот од македонските патриотски песни го кренаа градот одново на нозе. Гордо и на цел глас илјадници прилепчани порачаа дека националните симболи не се на продажба.
Со пораката: “Ако на овој ден Јуда го предал Исус, денес Заев ги предава Македонците и Македонија”, се обратија прилепчани кон целата нација на вечерашниот марш “За заедничка Македонија” во Прилеп.
Од утре започнува празнувањето на Велигденските празници, прилепчани се надеваат дека овие денови ќе ги дочекаат во мир и благосостојба, а прилепските патриотски здруженија упатија порака дека ќе бидат будни и во овие денови, кога народот нема да биде на улица.
Токму патриотските здруженија ја предводеа реката од народ вечерва, а на крајот од вечерашниот марш, заедно, во еден глас заепеаа пред своите сограѓани.