ПРИЛЕПЧАНИ ПАМЕТАТ ДЕКА СДСМ ГИ УНИШТИ НИВНИТЕ ЖИВОТИ И НАДЕЖОТ ЗА ПОДОБРО УТРЕ!!!

prilep3JPG600x400

Во пресрет на посететата на техничката министерска за труд и социјална политика на Прилеп Фросина Ременски, бившиот потпретседател на Светски македонски конгрес, која не го осуди нападот на доскорешниот колега Тодор Петров, Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ.

Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од работа. Таа црна дамка од криминално спроведентата транзиција на СДСМ Прилеп ја чувствува и денес.

Да потсетиме кој доаѓа во Прилеп. Доаѓа министерката која од првиот ден од нејзиното поставување единствено нешто што направи е партизирање на центрите за социјални работи, министер со секојдневни гафови и министер кој предизвика бројни реакции во јавноста како резултат на тие неконтролирани изјави.

Оваа порака на Прилепчани боди како шило, ова е порака од грлата на илјадници гладни усти и затворени куќи кои ги остави СДСМ за време на нивното владеење во Прилеп.
Заради сето ова ваквите политичари се непожелни во градот херој Прилеп.

prilep1JPG600x400




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.