Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес.
Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес.
При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.
Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци.