Неодамна преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, преку која ги прашавме граѓаните, кој треба да биде иден Претседател на Советот на општина Прилеп, со оглед на тоа дека досегашниот Дејан Проданоски беше избран за пратеник во Собранието.
Најчестиот одговор на граѓаните беше Ирена Стерјовска, советничка која веќе втор мандат е водечко лице на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп.
Стерјовска е и актуелен Заменик градоначалник на општината, а нејзината блискост со народот, ораторски способности и способност за менаџирање, веројатно се пресудни за граѓаните, кои бараат токму таа да го преземе претседателското столче и да раководи со донесувањето на одлуките клучни за развој на градот.
Довербата што и ја довери Јовчески за да го заменува во случај на неможност за извршување на функцијата, уште дотолку е пресудна и уверува дека заеднички ќе можат да донесат одлуки кои ќе треба да го променат ликот на Прилеп.
За потсетување Стерјовска беше претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, беше кандидат за пратеник на минатите парламентарни избори и е актуелен член на Централниот одбор на УЖ.