Прилепчани навалија за субвенции за инвертер и велосипеди: Од општината рекоа фајронт

Општина Прилеп ги известува граѓаните, дека од денеска нема да се примаат нови барања, за субвенции на дел од трошоците за набавка на инвертер клими и велосипеди.

– Заради констатирана целосна реализација на предвидениот буџет по однос на двата јавни повика на Општина Прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертор и велосипеди за 2021 година, а согласно донесените правилници, од среда 07.04.2021 година, повеќе нема да се примаат нови барања, се вели во соопштението од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.