Вечерва со почеток од 20:00 часот, на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, завршен митинг ќе одржи Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Прилеп веќе се чувствува голема еуфорија. Голем број граѓани со автомобили и знамиња денес го највија големиот митинг што се очекува вечерва во центарот на градот.
ВМРО-ДПМНЕ традиционално носи голема победа во градот под “Марковите Кули”, а истото се очекува да се случи и во недела.
Се очекува на плоштадот да бидат присутни повеќе илјади прилепчани кои ќе дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.