Во натпреварот од 11то коло во Супер лигата за мажи, екипата на РК Прилеп стигна до победа прорив ГРК Борец од Велес и им се раздолжи за неочекуваниот пораз од 2то коло.
Прилепчани ја диктираја играта во целиот меч, со 2, 3 гола разлика, па на полувремето се отиде со резултат 14:12. Во второто полувреме таквата игра продолжи до 56та минута, кога ракометарите на Борец стегнаја заби и стигнаја до израмнување на резултатот и напад за водство. Меѓутоа токму тогаш се разбуди одново екипата на РК Прилеп и во четири контри ја направи крајната разлика од четири гола.
Со оваа победа РК Прилеп стигна во третата победа во серија и се зацврстија на четвртото место на табелата со 20 бода.