Снежните врнежи кои од вчера ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Иако само на повисоките места, прилепчани конечно зимава имаа прилика да видат снег.
Снег вееше и во градот, но кратко време и тоа не беше доволно да се формира снежна прекривка.
Инаку според УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.