Вест од 12.02.2021г.
За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во прилепската локална самоуправа имаа средба со стопанствениците од регионалните комори на Прилеп и Битола кои бараат современа инфраструктура во Регионот, услов за економски развој.
Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.
-За првпат воведуваме нов начин на градење автопатски решенија според „Фидик-правилата“ што се применуваат во ЕУ, што значи да имаме поевтино, побрзо автопатско решение. Ќе се заштеди барем 1,5 година во изградбата.Значи. за една и пол година Прилеп Битола ќе имаат автопат. Очекувам дека веќе наесен ќе имаме избрана компанија која ќе работи на автопатот Прилеп-Битола, изјави Битиќи.