Со пеење на третата статија вечерва на Велики Петок, голем број прилепчани и млади и стари, го опеваат погребението на Господ Бог Исус Христос.
Утре вечер пак, на Велика Сабота, прилепчани кои важат за големи верници, во огромен број ќе ги исполнат дворовите на четирите храмови во градот и ќе ја прослават среќната вест за Христовото Воскресение.