Прилепчани добри домаќини и организатори, ама медалите не ги даваат: Се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење “Крали Марко 2024” (ФОТО)

Успешен викенд на Боречкиот клуб “7-ми Мај” Прилеп.

После освоеното прво место на Државното првенство за борачи до 20години, кое вчера (11.05) се одржа во Радовиш, денеска во Прилеп клубот уште еднаш успешно го организираше Меѓународниот турнир “Крали Марко 2024”.

Во градот под Марковите Кули гостуваа боречки клубови од Косово, Турција, како и од голем број градови ширум Македонија.

Медалите одново не изостанаа за домашните борачи и борачки, па така Борис Спиркоски го освои првото место во категорија до 40кг, Габриел Кочоски беше прв до 43кг, а Христијан Аризанкоски освои сребро до 35кг.

Стандардно со медали се закитија и девојките:

Анабела Стојаноска освои прво место до 43кг,
Марија Христоска трето во истата категорија,
Ангела Трајкоска прво место до 46кг,
Марија Велјаноска трето во истата категорија,
Елена Дејкоска второ до 50кг,
Кристина Цветкоска трето во истата категорија,
Јована Тодороска трето до 54кг.,
Ева Мирческа трето до 56кг.,
Тамара Цветкоска прво до 59кг. и
Андреа Маркоска трето во категорија до 70кг.

Анабела Стојаноска најдобра борачка на турнирот.

Огромни честитки до тренерите и стручниот штаб за беспрекорно организираниот турнир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.