Прилепчани го почнуваат патот за Супер лига – Утре им гостува Бутел, а ние треба максимално да ги поддржиме

Започнува плеј-оф разигрувањето во Првата кошаркарска лига на Македонија, а таму годинава прилепчани се помеѓу фаворитите за влез во Супер лига.

Момците од Мега Баскет регуларниот дел од сезоната го завршија со 22 бода на делба на првото место со Вардар во групата А. Дечките имаа импресивна сезона и ги мелеа противниците и на домашен и на гостински терен.

Сега најдобрите 4 од А групата и најдобрите 4 од Б групата ќе разигуруваат меѓу себе, за влез во елитниот ранг.

Прилепски Мега Баскет патот го започнува утре (08.02.). Со почеток од 16:00 часот во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” гостува КК Бутел, а на нашите момци ќе им биде потребна полна трибина за ветер во грб.

Да ги поддржиме максимално и да веруваме заедно, дека елитната кошарка после долги години ќе се врати во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.