Македонскиот фудбалски репрезентативец Тодор Тодороски е на прагот да направи трансфер и само формалности го делат од заминување за Турција, по добрите партии во Азербејџан.
24-годишниот прилепчанец кој игра како десен бек моментално е член на Сумгајит. За него се распрашува клуб дел од турската Суперлига и прави напори да го донесе во својот тим. Сепак, за се ќе се прашува клубот од Азербејџан, затоа што Тодороски е под договор – oбјави “ГОЛ.МК”
Репрезентативецот и Сумгајит парафираа соработка до 2024 година и за Тодороски ќе мора да се плати отштета. Азербејџанскиот тим бара сума од 200.000 евра за да го ослободи македонскиот играч.
Toдороски во својата кариера освен боите на Сумгајит, ги бранеше и боите на Серед од Словачка, Раднички Ниш од Србија, Осијек и Шибеник од Хрватска, како и домашните Вардар, Металург, Кожуф и 11 Октомври.
ИЗВОР: “ГОЛ.МК”