Прилепчанецот одново зададе нокаут во прва рунда: Публиката лудуваше! Прилеп Boxing Night ќе биде настан за паметење (ФОТО/ВИДЕО)

Синоќа во Прилеп се одржа професионална бокс ревија насловена како Profi Boxing Night Prilep. Љубителите на боксот уживаа во четири извонредни бокс мечеви, нешто што во Прилеп не се случува секој ден.

Настанот беше во организација на Pro Boxing Macedonia и бокс мајсторот од Прилеп, Дарко Чатлески.

Во рингот настапија Наполот Токри (Албанија) VS Божидар Илиќ (Србија), борба која на поени ја доби Албанецот; Даниел Марку (Aлбанија) VS Мартин Станев (Бугарија), борба која со технички нокаут во втората рунда ја доби Албанецот; Новак Радуловиќ (Србија) VS Дарко Стевановиќ (Србија), борба во која на поени победи Новак Радуловиќ, а настанот доживеа кулминација за време на последната борба помеѓу прилепчанецот Ице Трајкоски и Бугаринот Енсар Осман.

Тоа беше последната борба која публиката со нетрпение ја очекуваше, а кога Ице пристигна во рингот сите во еден глас извикуваа “Македонија, Македонија….”

За жал борбата траеше нецела една рунда, затоа што нашиот боксер тргна агресивно и веднаш го нападна Бугаринот.

Неможејќи да ја издржи пеколната атмосфера, но и низата удари кои ги доби, Осман се откажа од борбата, а судиите досудија технички нокаут.

Целата борба погледнете ја во продолжение:

Ова беше втора ваква победа за младиот боксер од Прилеп, после победата во Тирана минатата година.

Ице потоа го развиори државното знаме, а момците од неговиот тим го кренаа на рамена.

Секоја чест за одличната организација на тимот на тренерот Чатлески – ова ќе биде ноќ за паметење и се надеваме скоро на редица други вакви настани.

Прилеп уште еднаш покажа дека живее за спортот и дека ужива во спортот!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.