Oсвежувањето на голот на македонската ракометна репрезентација, прилепчанецот Благојче Трајковски, е број еден стрелец кај голманите на досегашниот тек на Светското првенство во Франција.
Трајковски има постигнато 3 погодоци, а покрај тоа има забележано неколку неверојатни акробатски одбрани.
Двата погодоци против Ангола кои ги постигна во 60тина секунди, ги надополни со уште еден вечерва против Шпанија.
Нашиот голман се покажа како доста фокусиран и концентриран во моментите кога противничкиот гол е празен.
За одбележување е и неговата вечерашна фантастична одбрана, во моменти кога нашиот гол беше празен, но Трајковски стигна навреме, при што пожртвувано со нога го одбрани шутот кон нашиот гол.
ВИДЕО: Ракометни Вести
A.Г.