Прилепчанецот Матеј Белистојаноски е петти на Европското првенство за кадети

Одличен настап на Матеј Белистојаноски на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Будмипешта, Унгарија, кој на крајот е петти во борби во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција.

Вистинска штета за Матеј што не освои медал, иако два пати имаше шанса, во полуфиналето и во репасажот во борбата за борнза. Белистојаноски загуби идентично 0-1 и во полуфиналето и за бронзата. Медалот ќе беше круна на одличните настапи што ги имаше во 2019 година.

-52 кг : Матеј Белистојаноски – Нико Форштунгер (Лихтеншатјн) 1-0; Матеј Белистојаноски – Александер Опас (Полска) 2-1; Матеј Белистојаноски – Даниел Хавличек (Чешка) 1-0; Матеј Белистојаноски – Арон Себок (Унгарија) 3-0
Полуфинале
Матеј Белистојаноски – Мер Газарјан (Ерменија) 0-1
За бронза
Матеј Белистојаноски – Мерт Халиџи (Турција) 0-1

Извор: Ipon.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.