26-годишниот крилен играч, Марјан Радески, е нов играч на ФК Шкупи
Радески минатата сезона беше дел од тимот на Академијата Пандев, а исто така беше дел од репрезентативниот состав на Македонија на Европското првенство.
На 256. настапи во својата кариера, Радески има постигнато 61 голови 21 асистенција.
„За мене е огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер би сакал да биде дел од амбициозен тим како Шкупи кој се бори за шампионската титула во Македонија. Се надевам дека ќе помогнам на моите нови соиграчи заедно да дојдеме до посакуваната цел во новата сезона, а тоа е секако битка за првото место. Ќе дадам се од себе за успесите на овој тим“ – истакна Радески по промоцијата во новиот дрес.
Покрај за Академија Панев, во својата кариера Радески има настапувано и за Металург, 11-Октомври и Шкендија.