Прилепчанецот Мартин Јованоски дел од македонскиот тим, кој го освои третото место на Светското првенство во параглајдерство во Франција

Македонија го освои третото место во екипна конкурецнија на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сир-Желон, во северниот дел на Алпите.

Составот: Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски, по двете одржани трки освои 14.878 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето.

Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со 16.100 поени, а на второто место заврши Велика Британија со 15.517.

Вкупно на Светското првенство се натпреваруваа 57 држави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.