ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КИРИЛ ТОДОРОСКИ СТАНА ЛАУРЕАТ НА СТУДЕНСКАТА ПРЕМИЈА ВО РЕПУБЛИКА ТАТАРСТАН-„СТУДЕНТ НА ГОДИНАТА – 2016“

16195247_10208484963987952_7873290653106149684_n

Здраво Кирил, како се чувстуваш после вчерашниот настан?

– Здравствуйте, вака се поздравуваат во Русија. Се чувствувaм одлично после вчерашниот настан, на среќата ѝ нема крај.

Раскажи повеќе за овој настан, како стигна до целта?

– „Студент на годината“ е проект, кој се одржува повеќе од 20 години. Оваа година беа пријавени 657 кандидати во 18 номинации. Сѐ започнува со подготовка на портфолио, во кое се вклучуваат сите достигнувања. Тоа е првиот дел од натпреварувањето. Портфолиото го оценуваат истакнати личности од областа во која се натпреварувавме. Во вториот дел од натпреварот одат најдобрите. Во мојата номинација имаше 11 полуфиналисти. Потребно беше да се направи презентација за себе, да се покаже со што се занимавам, на какви натпревари сум победил, форуми, семинари и слично. Најважно во мојата номинација беше да се покаже работата со странските студенти во целата република, какви проекти сум организирал за нив како вицепретседател на организацијата за странски студенти АИСА, и како му помагам во адаптацијата. Жирито беше пријатно изненадено од мојата презентација. Продолжив понатаму, во финале. На вчерашниот настан беа прикажани сите наши достигнувања и беа наградени најдобрите во цела република. Еден од нив бев и јас, станав ЛАУРЕАТ на премијата. Да стоиш на таа сцена, на која стојат само најдобрите е среќа.

Кажи ни повеќе за твоите успеси и за тоа како се снаоѓаш во средината во која престојуваш?

– Заврши и третиот семестар со одличен успех како и секогаш. Покрај учењето јас работам и во две организации, каде се организираат проекти за млади и студенти. Лига на студентите е организација во која што сум раководител во одделот за наука. АИСА – е организација на сите странски студенти во градот Казањ, каде што сум вице-претседател. Претседател сум на странскиот сектор во академијата, член на студентскиот совет, и претседател на мојата група. Победник на Меѓународната конференција по хемија и Олимпијадата по руски јазик. Желбата да се биде прв и најдобар, никогаш не згаснува.

Какви се твоите планови за  иднина?

– Да го завршам моето образование со „красный диплом“ (црвена диплома во Русија добиваат само најдобрите студенти), и да станам добар специјалист во областа на ветерината. Една од моите поголеми желби е да станам амбасадор на Македонија во Русија.

Што сакаш да им кажеш на нашите читатели за крај?

– Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржаа и гласаа за мене. Огромна благодарност до моите сестри, тие беа мојата најголема поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.