Главниот град од синоќа има уште еден современ простор за тренинг на боксери и кик-боксери – објави “Канал 5” телевизија.
Центарот е во сопственост на кик-боксерот Иле Ристески, а е лоциран во катната гаража кај Градски трговски центар. Центарот е опремен според најновите светски стандарди за тренинг во овие спортови.
Освен за професионалните спортисти, тренинг просторот ќе може да го користат и рекретивци, а тренинзите ќе бидат под будното око на Ристески и тимот од негови соработници.
Инаку, Иле Ристески е еден од најуспешните македонски репрезентативци. Меѓу позначајните успеси му се бронзените медали од Светското првенство во К1 во 2007 година и во тајландски бокс во 2008 година.
Видео прилогот погледнете го ТУКА