Прилепчанецот Дарко Илиески потпиша за словенечки Копер

Поранешниот фудбалер на Победа, Металург, Тиквеш и Пелистер, Дарко Илиески од Прилеп потпиша за словенечки Копер.

Централниот дефанзивец, кој игра и како бек, минатата сезона забележа 31 настап за Пелистер, а во Копер пристигнува како слободен играч.

Според “transfermarkt.com”, неговата цена изнесува 250.000 евра, а во новиот клуб е претставен како големо засилување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.