Доскорешниот фудбалер на ФК Силекс, Даниел Карчески, каде што настапуваше две сезони, е пред голем трансфер.
Карчески оваа сезона беше стандарден првотимец, а го одлучи и финалето на Македонскиот куп, постигнувајќи го решавачкиот гол за победа на Силекс со 4:3 против Академија Пандев.
29-годишниот прилепчанец кој игра на позицијата лев бек, потекнува од прилепската фудбалска школа и за брзо ќе биде успешен печалбар во познат тим.
Според “transfermarkt.com”, вредноста на Карчески во моментов изнесува 200.000 евра.