Прилепчанецот Борјан Јованоски го освои небото над Албанија: Севкупен победник на меѓународниот натпревар во Ѓирокастро

Борјан Јованоски од параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп е севкупен победник на меѓународниот натпревар во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, што минатиот викенд се одржа во Ѓирокастро, соседна Албанија.

Во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска од клубот „Sky no limit“.

На натпреварот учествуваа 40 натпреварувачи од три држави меѓу кои и членовите на македонската параглајдинг репрезентација.

Ова е одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи. Веднаш се продолжува со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови, се наведува во соопштението од Воздухопловната федерација на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.