На 12.03.2019 во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп – информираат од МВР.
К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.