Прилепчанец се обидел да ја yбие поранешната сопруга

Маж од Прилеп на 20 јуни ја нападнал неговата поранешна сопруга и сакал да ја лиши од живот.

„Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал.

Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата“, откриваат од Основното јавно обвинителство Прилеп.

Судијата на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.