Прилепчанец се искачи на подиум во Јужна Кореа и освои 1,4 милиони корејски вони (Фото)

Изминатата седмица во Јужна Кореа, Гочанг и Хадонг, се одржа Светски Куп во параглајдерство, во дисциплината прелети. Овој натпревар се одржа во периодот од 1-8 октомври, каде што се излетаа три трки.

На овој Светски куп учество зеде и параглајдеристот од Прилеп и репрезентативец на Македонија, Мартин Јованоски.

Мартин во моментов е дел од тимот на ЏИН (GIN gliders). После Европското првенство во Србија, каде што Мартин го освои одличното десетто место, сега го освои првото место со убедлива победа.

На трките кои беа одржани за време на овој натпревар нашиот пилот покажа одлични резултати и тоа: на првата трка која ја заврши со околу 18 минути пред второ пласираниот, што на Мартин му даде одличен број на водечки како и временски поени. Победник беше и на втората трка, а на третата заврши повторно во врвот на листата.

На крај се искачи на подиум и освои златен медал на овој светски куп во конкуренција од 111 пилоти од целиот свет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.