Прилепчанец повреден од багер во Охрид

На ден 21.10.2016 год. во 21:00 часот во полициската станица – Охрид, Ф.М.(1974) од Прилеп пријавил дека на 06.10.2016 година во 15:30 часот во близина на бензиска пумпа додека бил паркиран со возило Лада Нива од спротивната страна имало работна машина – багер  со која се изведувале градежни работи.

 

raka-gips

Кога Ф.М. се приближил до работната машина со цел да земе жица, бил удрен со корпата од багерот во пределот на левата бочна страна од раката и градите по што паднал на земја, за што му била укажана лекарска помош во болницата Св.Еразмо.

Од ударот пријавителот се здобил со тешка телесна повреда изразена во скршеница на десната рака и скршеница на десната клучна коска, набиеници на градите и расекотина на левата рака.

Се преземаат мерки за расчитување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.