На 28.01.2019 година во 10.00 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека со тешkи телесни пoВpeди се здобил Д.Д.(30) од Прилеп во фирма на улица „Бурса“ во Битола.
Тој, како претставник на друга фирма, со сопственикот отишол во фирмата на улица „Бурса“ да договорат работа.
Во еден момент, според пријавеното, качувајќи се на градежно скеле, се лизнал и паднал на подот.
Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Битола, во присуство на трудов инспектор.